ВЕСТИСВЕТ

Руски напад во Одеса, загина 13 годишно момче

Руската војска бомбардирала фабрика за челик во Мариупол, каде се вели дека се заробени повеќе од 200 цивили. Претседателот Володимир Зеленски рече дека се прави сè што е можно да се спасат цивилите и оти се надева дека операциите за евакуација ќе продолжат и денеска. Бомбашки напади имаше и во регионот Запорожје, каде Москва се обидува да воспостави мрежа за логистичка поддршка за своите војници. На југот на Украина се потврдува намерата на руската армија да ја преземе контролата над Одеса.

Еден ракетен напад во пристанишниот град бил насочен кон студентски дом, каде загинало 13-годишно момче, а уште еден тинејџер бил ранет.

„Немам зборови. Убиено 13-годишно дете. Учеше со толку многу љубов. Во подрумот го полагаше својот онлајн испит“, Жител на Одеса

„Како резултат на ракетен напад во регионот на Одеса, беше погодена станбена зграда. Во моментот на нападот во зградата имало пет лица. Едно дете загина, а друго малолетно девојче е пренесено во болница“, Натали Гумењук, Прес на одбранбените сили, Украина

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 3.000 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната. Киев тврди дека од 24 февруари животот го загубиле 220 деца. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button