ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Руско-украинска „војна“, не се знае дали има вмешани државјани на Република Северна Македонија

„Органите за безбедност немаат одговор дали во нашата земја има потенцијални групи или поединци кои се подготвуваат да учествуваат во евентуален воен конфликт меѓу Русија и Украина. Не е познато дали некој граѓанин на Северна Македонија се приклучил на некоја борбена формација. Кај нас низ годините има групи кои на протести ги прокламираат своите проруски убедувања, особено пред земјата да стане членка на НАТО“, изјави новинарот на Алсат, Адријан Керими.

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, не даваат информации дали оперативните податоци покреваат сомнеж за групи или платеници од Северна Македонија кои тргнале на патот кон Русија-Украина, или се очекува да ги добијат. Од овие органи не се соопштува дали поседуваат и информации за ќелии или центри за регрутирање.

Војните во странство се санкционирани во Северна Македонија со Кривичниот законик. Учеството во војни или конфликти во странство се казнува со затвор од 3 до 5 години.

Кривичен законик, член 322: Граѓанинот на Северна Македонија кој за време на војна или вооружен конфликт служи во непријателска војна, или други непријателски формации, или учествува во војна или вооружен судир како борец против Северна Македонија и нејзините сојузници, ќе се казни на најмалку 3 години затвор. Тој што регрутира граѓани на Северна Македонија е осуден на најмалку 5 години затвор “

Во изминативе години во земјава се појавија десетици организации и субјекти кои протестираа со руски знамиња, и бараа Евроазиска алијанса, додека во политичкиот кампус има и партии кои прокламираат  побратимување со Русија.  Во затворите во земјата, некои граѓани, учесници во војните на Блискиот Исток, издржуваат затворски казни. Во моментов во Украина се известува дека има државјани од Албанија кои живеат и дејствуваат на украинска територија, кои јавно се декларирани како дел од украинските воени формации. Дали во Русија има такви граѓани од регионот, барем засега не се знае. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button