ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Билетите за меѓуградските линии се поскапи до 20% на национално ниво

Ако сте размислувале да заштедите на превоз, автобусот повеќе не е на прво место. Билетите за меѓуградските линии се поскапи до 20% на национално ниво. На пример, од Куманово до Скопје до пред еден ден билетот во еден правец беше 120 додека од денеска стана 150 денари. На скопската автобуска станица патниците се пожалија дека поскапувањата веќе не можат да ги трпат .

„ Ова е катастрофа за сите, ќе бидеме трпеливи додека не ги потрошиме последните заштеди.

 Од раководството  велат дека биле принудени да ги зголемат цените или да одат во стечај. Директорот на приватната компанија која стопанисува со меѓуградските автобуски линии вели дека поскапувањето на нафтените деривати и деловите за возила ги ставило пред свршен чин.

„Дериватите во однос на 2021 година до денес поскапеа за околу 38%, последниве месеци цените на автоделовите се зголемени за 15-20% и еве кога ги воведуваме новите владини одлуки за недела неработни денови нашата активност работи во недела. тоа ни ги зголеми плаќањата. Ова енормно зголемување на сите трошоци, вклучително и струјата, каде што нашата јануарска сметка е некаде 600% повисока од лани“, изјави Масар Омерагиќ, директор на Автобуска станица.

Државата, следејќи го трендот на поскапување на нафтените деривати на светската берза, е немоќна да ги ограничи овие трошоци а камоли да ги замрзне цените како што направи за основните производи. /Алсат.мк

Аднан Ќаили 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button