ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нашите граѓани плаќаат едни од највисоките цени во Европа за патишта

Нашите граѓани плаќаат едни од највисоките цени во Европа за патишта, од кои повеќето се со дупки. Доколку велешанец работи во Скопје, само за патарини во рок од една година ќе потроши 58.000 денари, тетовец 39.000 додека во случај да патувате од Гостивар до Скопје, патарината ќе ве чини 68.000 денари а Куманово-Скопје, 48.000 денари.

Во оваа сума не се вклучени викендите и државните празници, доколку патувате и во овие денови ќе доплатите.

„Ако работите во друг град и секој ден патувате во Скопје, тогаш треба да плаќате три минимални плати во текот на годината само за патни трошоци. Ова се поплаките на граѓаните кои секојдневно патуваат и се жалат на состојбата на патиштата и амортизираниот асфалт на сите државни патишта во државата, изјави новинарот на Алсат Аднан Ќаили.

„Патувам секој ден и патарините што ги прават не се совпаѓаат со патиштата какви што се. Катастрофа се, само новото за Струмица е во ред, никој друг не го прави“, вели граѓанин.

Плаќаме и возиме по пробиени патишта, само тоа имам да ви кажам“, вели друг граѓанин.

 „Зависи, некои се поскапи, некои не, но во споредба со лошите патишта, скапи се“, Граѓанин

 Од ЈП „Државни патишта“ велат дека граѓаните плаќаат по 2,56 денари за секој поминат километар, додека во текот на минатата година се собрани вкупно 46 милиони евра. Првиот човек на оваа институција вели дека не се очекува да се намалат цените или да има плаќања од типот „вињети“. Единствената опција за заштеда е да избегнете автопати или да добиете електронски-картички валидни само за Коридор 10.

 „Врз основа на овие уреди кои се, М-картичка и електронскиот уред ТАГ, имаме и одредени попусти, во зависност од тоа колку е рефундирањето, почнувајќи од 2-7%. Во 2021 година од моето доаѓање имаме неверојатно достигнување со собирање на 46 милиони евра“, вели Ејуп Рустеми, директор на ЈП „Државни патишта“

Една година патарина на релација Тетово-Скопје чини колку 10 години патарина во Бугарија. Според истражувањето на „Призма“, во многу европски земји каде што се користат вињети една година чинат од 4.000 до 10.000 денари за неограничено возење низ државата. /Алсат.мк

Унгарија: 146 евра годишно

Австрија: 109 евра годишно

Бугарија: 60 евра годишно

Аднан Ќаили 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button