МАКЕДОНИЈА

Русковска не може да оцени дали документот објавен во медиумите, за кој се тврди дека е белешката од АНБ за притворот на Камчев е автентичен

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска не дава оценка дали е автентична содржината на документот, кој вчера се појави во медиумите, а за кој се тврди дека е белешка од Агенцијата за национална безбедност врз основа на која е притворен Јордан Камчев. Во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека оригиналната содржината ја нема прочитано и оти сите информации ги добила од нејзина колешка.

„Ја видов во медиумите, вчера, јас ја немам прочитано. Колку што разговарав со колешката, како што ме информираше, дека и таа ја нема, наводно ја оставила во Судот. Ви кажувам само она што го знам. Никогаш ја немам видено, затоа не можам да говорам за автентичност“, рече Русковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button