МАКЕДОНИЈА

Сѐ уште не се познати мотивите за вооружениот инцидент на Пластичарска

Сѐ уште не се познати мотивите за вооружениот инцидент на Пластичарска каде едно лице загина, а уште две беа повредени. Од МВР велат дека заедно со Јавното обвинителство ги презеле сите мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расветлување на овој вооружен инцидент.

Advertisements

Двете лица кои се ранети во овој инцидент се надвор од животна опасност.
Состојбата на 19-годишниот О.Б ранет во инцидентот на пластичарска е стабилна но и понатаму останува на респиратор на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. Според лекарите, тој се здобил со повреди во градниот кош, стомакот и нозете.

„Состојбата на 19-годишното момче на кое критичната ноќ му направивме хируршки интервенции е стабилна, но и понатаму е на интензивна нега, на респиратор, но неговите витални параметри се задоволителни, а во следните 24 часа се надевам ќе може самостојно да дише. Има бројни рани, во пределот на градниот кош, во пределот на стомакот и на ногата, ќе има и други интервенции во пределот на екстремитетите, но засега резултатот, анализите и неговата состојба се на ниво на очекувањата“, рече Неџати Јакупи – директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

Во меѓувреме, другиот ранет, 24-годишниот Т.А, е повреден во задниот дел на градниот кош, ударот завршил во близина на кичмата и за среќа без оштетување на самата коскена с’рж.

Во крвавивот инцидент загина пејачот и блогерот Амар Исмани.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button