КОШАРКАСПОРТ

Сабонис го засени Јокиќ, Лејкерси ги декласираа Пеликанс

Ноќва во арените ширум Соединетите Американски Држави се одиграа неколку возбудливи натпревари во НБА лигата, а за издвојување се победите на Сакраменто Кингс над шампионот и на Лос Анџелес Лејкерс над Њу Орлеанс.

Advertisements

Се очекуваше дека ќе биде еден од најинтересните натпревари на вечерта, но освен првата четвртина, дуелот меѓу  Сакраменто Кингс и Денвер Нагетс, се претвори во апсолутна доминација на „кралевите“, кои на крај победија со убедливи 135-106.

Иако Монк беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, Домантас Сабонис буквално направи сè на теренот, а тоа го покажуваат неговите „трипл-дабл“ бројки – 17 поени, 17 скока и 10 асистенции. За шампионот одличен беше Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 23 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Убедлив беше и тимот на Лос Анџелес Лејкерс, кој по поразот од Денвер во претходното коло, сега го надигра Њу Орлеанс и пред својата публика славеше со 139-122.

„Езерџиите“ одиграа еден од најефикасните натпревари во сезоната, а особено расположени за поени беа во втората четвртина, во која постигнаа дури 51 поен. Токму во тие дванаесет минути беше направена разликата, затоа што гостите постигнаа 16 поени помалку.

Леброн натпреварот го заврши со 21 поен и дури 14 асистенции. За поразениот тим прв поентер беше Вилијамсон со 30 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Атланта 121-127

Бостон – Вашингтон 133-129

Торонто – Хјустон 107-104

Милвоки – Шарлот 120-84

Сакраменто – Денвер 135-106

ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 139-122

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button