ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од конкурсот за финансирање проекти од национален интерес за културата се скандалозни

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од конкурсот за финансирање проекти од национален интерес за културата се скандалозни

ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение обвини дека со средства од Буџетот, се планира да се финансира фестивал во Косово.

-Резултатите од годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за културата за 2024 година и oваа година се скандалозни. Па така меѓународен форум добил помалку средства од физичко лице кое доаѓа од истиот град како и министерката Бисера Костадиновска за проектот „Азбучен споменар“ за кој министерството дало повеќе од 1.100.000 денари. Или пак, случајот со одобрените 30.000 евра за финансирање на активности на драмски фестивал во друга земја, во Косово, а во исто време домашните театри ќе преживуваат со средствата кои им ги одвојува министерството.

Во културата никогаш не било полошо како што е сега со оваа власт на ДУИ и СДС. Важно е оваа структура на власт да биде поразена, стои во обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button