ВЕСТИСВЕТ

САД со нацрт-резолуција во ОН со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Соединетите Американски Држави ја проширија нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации во која повикуваат на „итен прекин на огнот во врска со ослободувањето на заложниците во Појасот Газа“, изјави американскиот државен секретар Антониј. Блинкен за време на турнејата на Блискиот Исток, која ќе опфати и посета на Израел.

САД, клучниот сојузник на Израел, претходно стави вето на резолуциите на Советот за безбедност за Газа. Последниот случај беше во февруари, кога Вашингтон се спротивстави на употребата на зборот „веднаш“ во нацртот поднесен од Алжир.

Меѓутоа, во последниве недели, Вашингтон го засили притисокот врз Израел, инсистирајќи на тоа дека Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од САД и Европската унија – мора веднаш да ги ослободи заложниците земени за време на нападот на 7 октомври во јужен Израел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button