ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Саемот на книгата во Скопје со малку посетители

Многу книги, а малку посетители. Вака изгледа Саемот на книгата на третиот ден на кој учествуваат мал број издавачки куќи, главно од земјава. Некои од издавачите се жалат дека има намалување на интересот за читање или оти повеќе се претпочита читање книги преку Интернет. Саемот на книгата ќе биде отворен до 9 мај во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Имаме материјали од 2 годишна возраст, па нагоре, имаме материјали за сите возрасти. Попустите се од 20 до 30%…“, рече Ширете Ајрулаи, продавачка на книги.

„Што се однесува до изданието на книгите, тоа никогаш не е доволно, па затоа очекуваме уште повеќе посетители деновиве. Имено, имаме верски книги, но има и мотивациони книги поврзани со прашањето на религијата и мотивацијата на луѓето за подобар развој на животот“, рече Увејс Муртези, продавач на книги.

„Доаѓам од градот на два универзитета и верувајте читањето кај генерациите, односно кај нашите студенти или граѓани е многу ниско. Можеби бараат нешто многу побрзо за да добијат информации, можеби анимациите или видеата се попривлечни од читањето. Само некои од постарата генерација сакаат да читаат“, рече Мујадин Бајрами, продавач на книги.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button