Само дел од образовните асистенти, започнаа со работа
Само дел од образовните асистенти, започнаа со работа
Во повеќе основни училишта и понатаму се чекаат образовните асистенти за учениците со посебни потреби. Во основното училиште „25 Мај“ во Синѓелиќ веќе почнаа со работа девет асистенти, а следната недела се очекува да бидат ангажирани уште четворица, во зависност од потпишувањето на договорите. Во моментов во ова училиште има 21 ученик со посебни потреби.
„13 ученици од Центарот за евалуација имаат соодветна документација дека им е потребен образовен асистент. Постојано,сме во соработка со Основното училиште на Ресурсниот центар „Иднина“, кое досега ни обезбеди 9 асистенти, додека очекуваме да ни се придружат уште 4 различни асистенти. Што се однесува до другите ученици за кои не се препорачува да имаат лични или образовни асистенти тие работат со индивидуални програми“, рече Сузана Јакупи Курбардовиќ, директор на ОУ „25 Мај“.
Специјалните едукатори во училиштето реализираат индивидуални часови со учениците со посебни потреби, во зависност од нивната потреба.
„За сите деца, особено за децата со посебни потреби, прво мора да почнеме со насмевка, да имаме чисто срце кое може да понуди помош, може да ги поддржи. Потоа доаѓа професионалната страна за тоа колку детето може да постигне и колку може да понуди”, изјави Ајсер Гаши, едукатор-специјалист.
„Реализираме и индивидуални часови со деца со посебни потреби, во зависност од потребата. Вршиме различни активности на моторика, музикотерапија, различни други професионални активности бидејќи тие деца учат преку искуство”, рече Атиџе Селмани, едукатор – специјалист.
Во основното училиште „25 Мај“ веќе е изграден лифт со цел да им се помогне на учениците со посебни потреби полесно да се движат. Пред неколку дена министерката за образование, Весна Јаневска, тврдеше дека доцнењето на асистентите за оваа учебна година е поради ребалансот на Буџетот.