ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 214 возачи во Скопје, повеќето од нив поради употреба на мобилен телефон

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден при акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и 18 мерки за користење на мобилен телефон.

Од МВР информираат, дека изречени се и осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 мерки за непочитување на брзина на движење, шест за некористење на сигурносен појас, седум за непрописно престројување на возила и 73 санкции за непрописно паркирање.

МВР информира дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button