МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ

Санкционирани 411 возачи во Скопје, од кои 83 за пречекорена брзина

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење.

Advertisements

Министерството за внатрешни работи во рамки на  засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изрече 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, како и 69 казни за непрописно паркирање. Со „пајак“ се подигнати 61 возило, а 32 санкции се изречени за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР во кое се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button