ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сарацин: Компромисот не е перфектен, не се знае дали би имало подобар

Компромисот не е перфектен, но не се знае дали во иднина би постоела можност за подобар предлог, истакна од Скопје специјалниот германски претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Тој ја пренесе пораката од Берлин предлогот да се прифати, бидејќи предвидува безусловен почеток на преговорите. Сарацин додаде дека во текстот се содржани и македонските барања.

„Можам да разберам дека има критики за овој предлог и разбирам дека постојат грижи за сопствениот идентитет и јазик дека би биле доведени во прашање, но можам да кажам дека националниот идентитет и македонскиот јазик за Германија се несомнено јасни, но и со овој предлог се несомнено сочувани“, вели Сарицин.

Неговиот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ потенцира дека ни е понудено компромисно решение, со кое се одбранети нашите позиции. Според Маричиќ, со предлогот историјата им е оставена на историчарите.

„Не би било одговорно да го испуштиме или одбиеме овој предлог во кој сме ги постигнале нашите клучни очекувања и барања, со надеж дека ќе ни се понуди друг, можеби подобар, предлог. Напротив, секое одлагање и секое губење на време, во ситуација кога веќе чекаме 17 години, отвора можност за чекори назад, за дневно-политички случувања и тука и во Бугарија“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека очекува конечна одлука да се донесе во наредниве денови, без дополнително одлагање.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button