СПОРТ

Саудиска Арабија со 150 милиони долари за бокс – мечот Џошуа – Фјури

Од Саудиска Арабија неодамна пристигна сума од 150 милиони долари, за да се организира големиот дуел во тешка категорија во бокс, помеѓу Британецот Ентони Џошуа и Тајсон Фјури. Победникот од овој дуел ќе ги обедини титулите светски првак во оваа дивизија и се планира секој боксер да добие по 75 милиони долари од оваа прва пресметка, што ќе се одржи ова лето. Веста ја потврди „ЕСПН“, наведувајќи дека Саудиска Арабија останува на првото место за да го организира овој голем дуел меѓу двата светски шампиони. Оваа бројка е двојно поголема од 60 милиони долари што ги добија Џошуа и Руиз пред две години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button