СПОРТФУДБАЛ

Саутгејт не е импресиониран, Рашфорд, би можел да го пропушти “ЕВРО 2024”

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, би можел да го пропушти “ЕВРО 2024” година. Според медиумите на Островот, селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт не е импресиониран од игрите на напаѓачот и не може да гарантира негово вклучување во тимот за првенството на Стариот континент во Германија ова лето.

За да добие место во селекцијата, Рашфорд ќе треба да покаже добра форма во преостанатите натпревари од сезоната. Според сегашните правила, на списокот на репрезентацијата за завршниот турнир во Германија може да се вклучат само 23 играчи, но голем број селектори бараат квотата да се зголеми на 26 играчи.

На двата меча со Англија во март, Маркус Рашфорд мина 15 минути на теренот, влегувајќи како резерва на мечот со Бразил (0-1). Во тековната сезона, напаѓачот постигна седум гола и запиша две асистенции на 27 натпревари во Премиер – лигата за Манчестер Јунајтед.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button