ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

СБ: Намалена прогнозата за раст на македонскот БДП

Светска банка има нови очекувања – бруто домашниот производ (БДП) на Македонија да се зголеми за 2,4 отсто во 2023 година.

Тоа е за 0,7 процентни поени под проценката што Банката ја направи во јуни минатата година.

Во извештајот за глобалните перспективи, се проценува дека економијата на Македонија пораснала за 2,1 отсто во 2022 година.

Очекувањата се дека економскиот раст на Македонија ќе се забрза до 2,7 отсто во 2024 година.

Инакуи, економиите на Западен Балкан ќе се зголемуваат за 2,5 проценти во 2023 година, по проценетиот регионален економски раст од 3,1 отсто во 2022 година.

„Сепак, постои значителна политичка неизвесност, со ризик парламентарните ќорсокаци да предизвикаат доцнење во спроведувањето на реформите и на тој начин да се спречи ефикасна апсорпција на поврзаните средства (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија)“, смета меѓународната кредиторска институција.

Извор: Фактор

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button