ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
СДСМ: 100 дена Влада, 300 скандали, најмногу во МВР
СДСМ: 100 дена Влада, 300 скандали, најмногу во МВР
Социјалдемократскиот сојуз ја обвини актуелната влада дека произвела најмногу скандали во историјата на земјата во првите 100 дена од владеењето. Според портпаролката на опозицијата, најголем дел од скандалите се поврзани со работата на МВР, додавајќи дека иако ВМРО-ДПМНЕ пред изборите вети дека ќе има правила и ред, сегашната ситуација укажува на спротивното. Според СДСМ во овој оддел се случува брутална партизираност. /Alsat.mk