СДСМ ги објави првите 30 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

По спроведените испитувања на јавното мислење, анализата и истражувањата и со консултациите со нашето членство, целосно се заврешени и со одлука на раководството дефинирани првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, изјави лидерот на партијата Зоран Заев, по вечерашната седница на партиксиот Извршен одбор.
До СДСМ, посочи Заев, беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и пет илјади кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање и постапките на партијата.
Тој информира дека за кандадати за градоначалници се утврдени Перо Костадинов за Валандово, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Велимир Смилевски за Бутел, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Филип Темелковски за Кисела Вода, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Костадин Георгиевски за Охрид, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка, Сашко Николов за Штип и Петре Шилегов за Скопје.
Одлуките, додаде Заев, ги носиме здружено со граѓаните, кои што најдобро знаат која личност е најдобриот избор за нивната општина.