ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ го почна 26-от Конгрес, попладне ќе ги дознаеме новите партиски функционери

СДСМ го започна 26-от изборен конгрес на партијата на кој ќе се избираат нов заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор. Зоран Заев оцени дека изминативе години партијата успешно се справила со, како што рече опустошената и осиромашена држава, која ја наследиле од Никола Груевски.

Ние од доаѓањето на власт се боревме на два фронта истовремено, на надворешен план, мораше да се решаваат наследени децениски проблеми, прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години. И на внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, ние сме соочени со целосно деструктивно водство на опозицијата, со истата режимска матрица која прави сè за да ги спречува реформите – изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Заев му се заблагодари на досегашното раководство на партијата, особено на Радмила Шекеринска која се повлече од функцијата заменик-претседател и рече дека нема интерес за друга партиска функција. Заев најави дека од 120 нови членови кои се очекува да бидат избрани во Централниот одбор, 60 се жени и 60 мажи. Имињата на новото раководство на партијата се очекува да бидат соопштени во јавноста по завршување на конгресот доцна попладнево.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button