ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ поставија услови за продолжување на дијалогот за уставните измени, ДУИ потврди дека е подготвена да ја напушти Владата

СДСМ е подготвен да го продолжи дијалогот за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ, но бара најголемата опозициска партија да се изјасни дали останува на ставовите изнесени на средбата на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски одржана во средата. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ пред понатамошни преговори, бара СДСМ да се изјасни кој од двата нивни предлози изнесени на лидерската средба е прифатлив за социјалдемократите. ДУИ, пак, синоќа по седницата на Централното претседателство соопшти дека ги прифаќа предусловите упатени кон неа со цел да бидат усвоени уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата и ќе поддржи Влада без нејзино учество на денот кога ќе стапат во сила промените на Уставот.

Advertisements

Премиерот и лидер на СДСМ вчера изјави дека работните групи за продолжување на разговорите за уставните измени, чие формирање беше најавено по петочната седница на партискиот Централен одбор, се вистинскиот формат во кој треба да продолжи договарањето на сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачевски, секој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ има свои специфики што треба да се имплементираат и таа имплементација секако дека влијае на европската интеграција на државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button