ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се обвинуваа кој имал поблиски релации со бугарски политичари

Официјална Софија бара темата за Бугарија и билатералните односи да не бидат дел од предизборната политичка дебата во Македонија. Поради ова вчера на разговор била повикана нашата амбасадорка во земјата, Агнеса Руси Поповска. Иако бугарското МНР не наведува чии изјави ја предизвикаа нивната реакција, таа следува откако шефот на државата Стево Пендаровски во телевизиско интервју кажа дека македонското малцинство во Бугарија било подложно на тортура. Според Бугарија, оваа тема се користи поради немањето напредок во Македонија.

Advertisements

Министерство за надворешни работи на Бугарија

„Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор во Северна Македонија. Тоа го правиме со разбирањето дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и мирна општествена средина во која ќе може да се спроведат потребните реформи.“

Сепак, и покрај ваквиот повик, денеска водечките партии во земјава се обвинуваа за тоа кој е поблизок до бугарските политичари. СДСМ побара одговори од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова зошто е против преговарачката рамка, а воедно се фотографира со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој е познат по радикалните ставови кон Македонија.

„Гледаме и нејзини фотографии со негаторот на македонскиот јазик, идентитет, култура, Андреј Ковачев. Силјановска гордо стои со Ковачев, кој не негира како народ. Граѓаните очекуваат одговори од Силјановска“, рече Лидија Тасевска – пратеничка на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека станува збор за случајна средба меѓу Силјановска и Ковачев, а фотографијата била стара најмалку пет години. „Таа е од времето кога Бојко Борисов беше брат на лидерот на СДСМ Зоран Заев, а од страна на Стево Пендаровски беше поздравуван со „љубави“, истакнаа опозиционерите.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button