ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се судрија околу трошоците и масовноста на протестот

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се судрија околу трошоците и масовноста на протестот

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на вчерашниот протест имало повеќе од 70 илјади демонстранти кои барале предвремени избори и промени. Според СДСМ, пред Владата немало повеќе од 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Партиите се судрија околу трошоците на протестот.

“СДСМ протестот на ВМРО-ДПМНЕ го нарекува промашен, a трошоците за негово организирање дека се залудно потрошени. Оваа партија бара опозицијата да покаже од каде ги обезбедила финансиските средства за организирање на протестот во услови на криза, партијата која има блокирана сметка”, рече Богданка Кузеска од СДСМ

“За ВМРО-ДПМНЕ многу поголем беше бројот на демонстранти кои бараа нови избори и промени. Од опозициската партија велат дека цената на протестот не може ни да се спореди со кражбата што власта ја прави во рок од еден ден”, рече Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека доколку нема договор за избори летово, ќе ги блокираат институциите и патиштата.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button