ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

СДСМ и ВМРО во кавга за економските политики

СДСМ и ВМРО во кавга за економските политики

Економските резултати на државата се тема за нова политичка преписка помеѓу власта и опозицијата. Според СДСМ, владата одлично менаџира со енергетската криза, успева да привлекува странски инвестиции, во вакво кризно време да наоѓа начин да ги зголемува платите и пензиите и да се справува со инфлацијата. Тоа според владејачката партија е резултат на спроведување на добрите политики.

Advertisements

„Преку економските политики и во најкризната година во Европа по Втората светска војна, успеавме да ја задржиме економската стабилност, да поддржиме отворање на нови работни места, но и да ја зголемиме минималната, како и платите во многу сектори“, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Но, опозицијата не се согласува со ова. Според ВМРО, економските политики на власта се погубни. Опозиционерите како аргументи за нивното тврдење ги наведуваат податоците дека за 2 години имаме за 50% поскапа струја за домаќинствата и за четири пати поскапа струја за малите потрошувачи.
Дополнително, од паријата обвинуваат дека во Македонија во последниве пет години нема политика за привлекување на нови странски инвестиции.

„За жал сметката од овие самонаречени експерти кои ја уништија македонската енергетика на крај ќе ја платат граѓаните со двојно повисока цена на електрична енергија во евтина тарифа почнувајќи од месец јануари. СДС прави транзиција на капиталот на државата во рацете на сопствената олигархија, исто како што во ‘90-тите години се правеше транзицијата на општествениот капитал“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

И додека власта и опозицијата се расправаат кој води подобри политики, граѓаните на Македонија и натаму се борат со највисоката стапка на инфлација во регионот. Дополнителен проблем е и тоа што висината на минималната плата е најниска од земјите во опкружувањето, а по глава на жител, граѓаните од земјава се најзадолжени во споредба со сите од балканските држави.

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button