ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

СДСМ признава дека има корупција, а ДУИ додава: Судските органи нека ја откријат

Од Собранието расправата за буџетот се префрли во студиото на Алсат. Развоен или популистички, мегаломански или скроен по мерка на граѓаните? Зошто секоја година има ребаланс на буџетот и први на удар се капиталните инвестиции кои се од суштинско значење? Ќе има ли доволно пари за догодина за справување со енергетската криза и инфлацијата? Пратениците велат дека не се вознемирени тоа што американски истражители ќе ловат висока корупција во Македонија. Ова се само дел од темите на кои своите ставови ги спротивставија власта и опозицијата во вечерашната емисија Економски магазин на Алсат во 22 часот.

Advertisements

„Најважно е да се признае дека таа корупција ја има и да почне да се работи против сивата економија и против корупцијата“, рече Даниела Колева, СДСМ

„Како што рече колешката, за да се елиминира е малку тешко, но за корупцијата, додека кажуваат меѓународните релевантни институции дека има, значи има и ќе има. Но, останува судските органи да ги откријат и да ги казнат функционерите што ја злоупотребуваат јавната функција“, рече Бедри Фазли, ДУИ.

„Ние не сме исплашени од одговорност заради тоа што ние немаме намера како СДСМ да тргуваме со тие примеси дека ќе има правда за сите, а потоа кога ќе дојдеме на власт да тргуваме со криминалци, таква трговија нема да има“, рече Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button