ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сe додека постои резолуцијата на бугарскиот парламент, тешко до договор, вели Мицкоски

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју на ТВ Алфа кажа дека не постои политичар во земјава кој би прифатил резолуцијата на бугарскиот парламент да биде дел од преговарачката рамка или дел од преговорите меѓу двете држави.

Додаде дека тој лично нема намера да преговара со соседна Бугарија кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, ако сепак се случи декларацијата на бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка.

„Не очекувам нешто драматично да се смени бидејќи длабоко сум убеден дека не постои 5+1, 3-2, 8+6 планови или како сакате нека ги нарекуваат. Постои резолуција на бугарскиот парламент. Се додека таа резолуција постои, нема политичар, верувајте треба да сме искрени со граѓаните, јас нема да бидам ниту Бујар Османи ниту Зоран Заев ниту Ковачевски, постои резолуција на бугарскиот парламент. Во таа резолуција има точки кои се неприфатливи за нас и како народ и дури и за политичари како Зоран Заев се неприфатливи. Затоа што претставува сериозна негаторска и асимилаторска таа резолуција. Се додека таа резолуција постои, договор нема. Што би се рекло дека ќе имаме закочен евроинтегративен процес“, рече  Мицкоски,

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button