ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се испитува сомнителниот мазут, резултатите најавени за вторник

Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат не даваат никакви информации околу анализата за влезот и горењето на отпадното масло декларирано како мазут. Деталите од анализата се очекува да бидат објавени во вторник. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека од контролите направени последниве денови, вратени се цистерни со мазут што не ги исполнувале стандардите.

Advertisements

„Мазутот се проверува во други акредитирани лаборатории. Тие инспекции се завршени во Пазарниот инспекторат, особено со доаѓањето на новиот директор, некои цистерни веќе се вратени. Не сакам да навлегувам во имињата на компаниите чии резервоари се вратени. Неправилности беа откриени и во земјава и Државниот пазарен инспекторат постапи. Реков дека до вторник сите надлежни институции треба да ги достават информациите до Владата и според тие информации ќе се постапува по нив“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, најави дека започнале интензивни проверки на бензинските пумпи, со цел да се провери квалитетот на дизелот и бензинот. Таа рече дека со мобилната лабораторија ќе се направат проверки при влез на горива на граничните премини.

Пред неколку дена, Царината се обиде да се амнестира од одговорноста за аферата со увезено на отпадно масло, декларирано како мазут. Според Царинската управа, Министерството за економија и два инспекторати биле надлежни за контрола на квалитетот на увезените горива кои се употребуваа во повеќе болници, но и во фирмата БРАКО на Кочо Анѓушев, но и од кавадаречкиот комбинат Еуроникел, поранешен Фени.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button