КОШАРКА

Милвоки е првиот тим кој се пласираше во полуфиналето на Источната конференција во НБА

Милвоки го победи Мајами со 120:103 и дојде до 4:0 во победи. Најефикасен кај победниците беше Лопез со 25 поени, додека кај Мајами се истакна Адебахо со 20 коша и 14 асистенции. Денвер и Јокиќ беа поразени од Портланд и вкупниот резултат е 2:2. Екипата на Портланд победи во четвртиот дуел со резултат 115:95. Пол ја предводеше домашната екипа со 29 поени, додека најефикасен кај гостите беше Јокиќ со 16 поени. Екипата на Филаделфија поведе со 3:0 против Вашингтон, откако го доби последната пресметка со резултат од 132:103. Јута Џез забележа победа како гости на теренот на Мемфис, со резултат 121:111. Мичел беше најефикасен во Јута додека Морант се истакна кај Мемфис со 28 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button