ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се јави бугарското МНР: Со наследен тоталитарен историски наратив нема поддршка од Софија за Скопје

Бугарското МНР преку соопштение објавено на официјалната интернет страница, порача дека нема намера да ја поддржи државава сѐ додека постоел „наследен тоталитарен историски наратив“.

Бугарија, како што пишува во соопштението што го објави и БГНЕС, ќе ги продолжи конструктивните напори и за време на наредното претседателство на Европскиот совет.

„За жал, во текот на последната година Република Северна Македонија води дипломатска и медиумска кампања за дискредитирање на позициите на Република Бугарија, а во јавноста беше претставен неточна информација за бугарската позиција.

Време е Владата на Република Северна Македонија да се откаже од манипулативната теза дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните или од правото да си го нарекуваат јазикот како сакаат.

Откако се потсетува дека Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија и дека и помогна во најтешките моменти, се во објаснувањето од бугарското МНР се додава дека Бугарија не прифаќа утврдувањето на идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија да биде во судир со соседните држави и на штета на нивните национални интереси.

„Врз основа на одговорноста да не внесува отворени прашања во ЕУ и да ги заштитува своите интереси, вредности и авторитет, Република Бугарија ќе продолжи да бара трајни решенија кои што ќе овозможат натамошен развој на билатералните односи и оптимален процес на преговори на Република Северна Македонија со ЕУ“, пишува во објаснувањето од бугарското МНР.

Соопштението доаѓа непосредно пред денешната средба помеѓу шефицата на бугарската дипломатија, Захариева и македонскиот специјален претставник, Владо Бучковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button