
Интересот за вакцинација на двата пункта во Тетово е намален за околу 90 отсто. За разлика од септември кога дневно се вакцинираа по околу 1.500 лица, сега тој број едвај достигнува 150.
„Несомнено има драстично намалување на интересот за вакцинација со првата доза последниве две недели. Приближно во рок од 24 часа некаде помеѓу 50, 100 или 150 пациенти се вакцинираат со првата доза, за разлика од времето на рестриктивните мерки кога достигнувавме до 1.500 пациенти дневно. Апелирам до сите граѓани што поскоро да се вакцинираат бидејќи знаат оти веќе го доживеавме интензитетот на грип во периодите кога имавме драстично зголемување. Затоа треба што поскоро да се вакцинираат за да не ни се врати периодот што не го сакаме“, рече Бесник Мустафаи – дежурен лекар.
„Сега ја примам втората доза. Засега се чувствувам добро, но понатаму не знам. Треба сите да се вакцинираме“, вели еден граѓанин.
За разлика од драстичното намалување на интересот за првата доза од вакцината во Тетово, зголемен е интересот за третата доза вакцина.
Од друга страна, состојбата со корона вирусот во Тетово, иако има определено зголемување на бројот на хоспитализирани, генерално е мирна и стабилна. Во градската болница има три лица. Во однос на прегледите, дневно се вршат од 10 до 20 прегледи во центрите за ковид кои главно се си блага клиничка слика. Минатата недела во Тетово немаше смртни случаи од корона вирусот.
Башким Сулејмани