ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК ги објави резултатите од првиот круг гласање

Шест дена по локалните избори, Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од изборниот ден. ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг досега има чиста победа во 21 општина, меѓу кои и во скопските Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кавадарци, Прилеп.

Аеродром Босилово
Бутел Велес
Виница Гази Баба
Ѓорче Петров Градско
Зрновци Илинден
Јегуновце Кавадарци
Карбинци Могила
Неготино Новаци
Петровец Прилеп
Свети Николе Сопиште
Штип

СДСМ и коалицијата, на 17 – ти октомври освоиле девет градоначалници и тоа во:

Берово Богданци
Валандово Делчево
Дојран Крива Паланка
Кривограштани Крушево
Струмица

ДУИ доби градоначалници во прв круг во Липково и во Сарај, додека Алијанса – Алтернатива на 17 – ти октомври не доби градоначалник во ниедна општина каде имаа кандидати. Во втор круг или на 31 – ви октомври ќе се гласа во 43 општини низ Македонија, плус градот Скопје. Помеѓу поинтересните изборни судири се оние на Беса и ДУИ во Тетово, Алијанса – Алтернатива и ДУИ во Гостивар, ДУИ и Алијанса – Алтернатива во Чаир, како и изборна трка помеѓу ДУИ и Алтернатива – Алијанса во Струга. СДСМ и ВМРО ќе се тркаат за градоначалничката фотелја во Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија и уште неколку општини. ДИК најави нови избори во Центар – Жупа и Маврово – Ростуше оти на 17 – ти месецов не излегле на гласање минимум една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

„Ќе ја известиме владата на Република Македонија дека не е исполнет законскиот цензус предвиден во Изборниот законик во рок од 15 дена и таа после треба да го извести Собранието за да се постапи, односно евентуално да распише нови избори“, рече Александар Даштевски, Претседател на ДИК.

Сепак до ДИК има и приговори. Конечни резултати за оние општини каде има партиски приговори, комисијата ќе објави по истекот на рокот за поднесување тужба до Управниот суд. Иако во скопска Кисела Вода, ВМРО доби градоначалник во првиот круг, сепак за гласањето таму има приговор, па резултатот сè уште не може да се официјализира. Приговори има и за Дебар, Пласница и Шуто Оризари, во кои сепак ќе има втор круг.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button