ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна сезоната на загаден воздух во Македонија

Почна сезоната на загадување. Глобалната веб – страница „IQ-Air“, која го прикажува квалитет на воздухот низ светот, веќе покажува високо ниво на загаденост во Тетово, Скопје, Кавадарци и Велес. Во вакви случаи на граѓаните им се препорачува да излегуваат со заштитни маски, да ги намалат физичките активности надвор, да не ги проветруваат просториите, туку да вклучат прочистувач на воздух.

Ако лани мерната станица лоцирана пред кампусот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј не работеше, сега откако е во функција, таа покажува дека овој дел од градот Скопје всушност е еден од најзагадените.

Прагот за алармирање на загаденост е намален на 163 микрограми ПМ10 честички, а до крајот на годинава тој ќе се намали на 150. Ако два дена по ред се надминува тој праг, тогаш се активираат мерките против загаденост.

Мерните станици лани измерија загаденост дури 10 пати повеќе од дозволените граници. Таков беше случајот со Кавадарци. Еколозите постојано алармираат дека централната, но и локалните власти не преземаат доволно мерки за да дишеме чист воздух.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button