ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Се очекува нова пратка вакцини против Ковид-19

Се најавува пристигнување на нова пратка вакцини против Ковид-19. По тој повод премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска во 13 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе бидат соопштени деталите.
Според најавите, до крајот на април преку Ковакс механизмот во земјава треба да пристигнат уште 76.000 вакцини од „АстраЗенека“, како и дози од други производители, со кои треба да продолжи процесот на масовна имунизација на населението, што започна од вчера со вакцинација на лицата повозрасни од 77 години.