ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати државјанство да се стекнува по пат на сведоштво

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24, рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на предлог законот за државјанство е јасен, посочувајќи дека нема да прифатат предлог закон каде што државјанство ќе се стекнува по пат на сведоштво, односно како што рече тоа го нема никаде во светот и ако се седне да се изготви добар предлог закон за државјанство согласно европските регулативи во кои ќе бидат вклучени сите политички партии, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече сите амандмани.

„Што се однесува на законот за државјанство, како што слушнавме тој бил тема на разговор на лидерската средба помеѓу претседателот Мицкоски и Заев. Нашиот став и во парламентот се кажа, и е кажан дека ова е закон кој што е против сите европски регулативи, нема земја во светот каде државјанство се стекнува по пат на сведоштво. Но, оставена е отворена врата, доколку се седне да се разговара и да се најде еден заеднички предлог на закон со консензус и учество на сите политички партии во тој случај и ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во парламентот, би седнала да разговара, би ги повлекле поднесените амандмани. Но, само во случај доколку се работи за поднесување на предлог закон кој што ќе биде согласно европската регулатива и никако поинаку“, вели Стојаноска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button