МАКЕДОНИЈА

Левица: Без нов закон за попис продолжуваме со кампањата „Не отварам врата“

Од опозициската левица денеска реагираат дека „одложувањето“ на донесувањето на нов Закон за попис  е намерно издејствувано и договорено. Во партиското соопштение меѓудругото се вели:

Имаме силни сомнежи дека во наредните неколку дена власта, ќе врши тивко попишување, со цел да се одолговлекува процесот на одложувањето на Законот за попис, колку што е можно подолго.

Иако пописот изминатиов период беше целосно делигитимиран, очигледно е дека власта е спремна насилнички и противзаконски да го спроведе. А, на ова укажуваат фактите дека:

-Македонија е единствена земја каде се попишува дијаспора;
-Единствената земја каде граѓани ќе се попишуваат само со давање на ЕМБГ;
-Единствената земја каде трети лица можат да даваат лични податоци кои се заштитени со меѓународни конвенции;
-Единствената земја каде во законот за попис јасно не се дефинирани документите за индентификација; -Единствена земја каде на една партија (ДУИ) со само 15 пратеници во Собранието и е дадено моќ на ВЕТО;

Партијата Левица го повикува народот да пружи пасивен отпор и од денес да им каже големо НЕ на насилничките власти, доколку се дрзнат да го започнат пописот без донесување на нов Закон за попис по сите меѓународни стандарди и со консензус од сите парламентарни партии!

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button