ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Се одлага посетата на бугарскиот премиер Петков

Посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје се одложува, пренесува БНТ повикувајќи се на информации од прес-центарот на Советот на министри. Како што се наведува во текстот, посетата не е откажана, туку се одлага, без да се прецизира за кога.

Одлуката доаѓа неколку часа откако стана јасно дека претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, со кого Петков имал комуникација, има коронавирус.

Премиерската функција во државата за време на изолацијата на Петков ќе ја преземе вицепремиерката, Калина Константинова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button