ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се разгледува заострувањето на Ковид мерките

Министерот за здравство во првиот настап по понудената оставка поради трагедијата во Тетово најави воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку ситуацијата со Ковид 19 се влоши. Венко Филипче рече дека новите мерки немаат за цел да го дефокусираат вниманието од трагедијата на 8 септември кога 14 луѓе го загубија животот во пожарот што ја зафати модуларната болница. Евентуалното заострување на мерките е  ситуацијата да се држи под контрола.

Според Филипче, една од новите мерки што се очекува да се применат од октомври е да се дозволи движење на граѓаните низ трговски центри, кина и кафулиња само со две дози вакцини и не со една доза како што е во моментов.

Институтот за јавно здравје спроведува епидемиолошка анализа врз основа на која епидемиолозите ќе предвидат дали е неопходно да се воведат дополнителни мерки.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button