ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателката на ЕК, фон дер Лајен, денеска во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе допатува во посета на Република Северна Македонија. Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата. Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде што, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина на заедничка прес-конференција.

Во годишното обраќање за состојбата на Европската унија пред парламентот на ЕУ, Фон дер Лајен ја повтори својата поддршка за интеграција на регионот во ЕУ, велејќи дека тоа е обврска за младите луѓе кои веруваат во европскиот сон. Според претседателката на ЕК, ЕУ и Западен Балкан секогаш ќе бидат посилни заедно.

„Ова им го должиме на младите луѓе, кои веруваат во европската иднина. Ги зголемуваме инвестициите во Западен Балкан за околу една третина од бруто домашниот производ на регионот. Инвестирањето во иднината на Балканот е инвестиција за ЕУ “, рече таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button