МАКЕДОНИЈА

Светот не познава случај затвореник да добил мерка притвор, вели Пендаровски

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во вечерашното интервју за „360 степени“ зборуваше за низа трагични и кривично-правни настани кои се случиле во земјава од независноста до денеска, а кои, како што рече, се многу напластени и создаваат недоврба кај граѓаните.

„Еве еден од поновите случаи кој е апсурд и од човечки, од правен, од политички, од кривично-правен аспект. тоа случајот познат како ‘Кичеец’. Во ниту еден светски медиум никаде во светот на ниту еден континент не сум прочитал да има ваков настан дека човек кој е во затвор направил сообраќајка. Особено со двајца странски државјани, нешто кое посебно ме интересира кои се тие странски државјани, дали можеби некој е двое државјанин, македонско и тоа другото и тоа ќе биде интересно да се види, а тоа истрагата ќе треба да го покаже дали е точно“, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на аспектот дека Зоран Милески – Кичееец е осуден и отслужува затворска казна, а со тој факт, според него, апсурдно е што затвореник завршил во притвор.

„Навистина не можам да разберам и како правник меѓудругото, како човек кој е во затвор и во тој момент треба да служи затворска казна вие му давате мерка притвор. Значи, човек кој е во затвор добива мерка притвор, не, тој треба да се врати во затвор. Притворот е мерка која треба да го обезбеди лицето, но тој е во затвор и не може да му се даде притвор“, вели Пендаровски.

Извор: 360 Степени

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button