ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Се разведуваат Канје Вест и Бјанка Ценсори

Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат по две години брак, дознава ТМЗ.

Advertisements

Според извештаите, парот влегол во тежок период, а на познаниците им кажале дека се разделиле пред неколку недели.

Сè уште не е познато што го поттикнало разделувањето или кој сакал да ја прекине врската, но според извори на ТМЗ, Канје рекол дека планира да живее во Токио, како и да се разведе од Бјанка. Пред тоа Бјанка била со семејството во Австралија.

Двајцата последен пат беа видени заедно на 20 септември во Токио.

Канје и Бјанка предизвикаа големо внимание со нивната романса откако тајно се венчаа во декември 2022 година.

По венчавката Бјанка постојано беше покрај Канје, на јавни настани, но и на семејните собири со неговите деца од бракот со Ким Кардашијан.

Бјанка привлече големо внимание со својот изглед, често многу оскудно облечена или во провидна облека.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button