РЕГИОН

Се разжестува конфликтот меѓу Љуљзим Баша и поранешниот партиски лидер Сали Бериша

Се заострува реториката меѓу актуелниот лидер на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша и историскиот лидер Сали Бериша, која преминува во тешки меѓусебни обвинувања, јави дописничката на МИА од Тирана.

Advertisements

Нетрпението почна откако Баша го исклучи Бериша од пратеничката група, по барање на американската амбасадорка Јури Ким, поради прогласувањето персона нон грата од страна на САД на целото семејство Бериша.

Тоа резултираше со незадоволство кај Бериша кој почна средби низ целата територија на земјата со членови и симпатизери, а кулминираше деновиве откако за 11 ноември тој најави одржување Национално собрание на партијата и враќање на лидерската функција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button