ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се слави Курбан Бајрам

Се слави Курбан Бајрам

Муслиманите го слават Курбан Бајрам. Џамиите утринава беа полни со верници. Поради дождот, постарите бeа внатре, а другите надвор. Но и покрај лошото време, дворовите на верските објекти беа полни.

Advertisements

Главната церемонија се одржа во Мустафа-пашината џамија во Скопје. Првиот човек на ИВЗ во пораката до верниците повика на надминување на предизвиците.

„Празникот Курбан Бајрам се карактеризира со колење на домашно животно како жртва за доброто на семејството. Месото од курбанот се дели во седум куќи, главно во сиромашни семејства. Исто така овој празник се одликува и со извршувањето на петтата исламска верска обврска, аџилакот, каде оваа година милиони аџии ги извршуваат ритуалите во Мека, а нивното враќање се очекува во третата недела од јули“, рече Шаќир Фетаху, поглавар на ИВЗ.

Честитки за празникот упати и  претседателот на државата, Стево Пендаровски. Курбан Бајрам е празник на солидарноста и хуманоста, рече тој, поврзувајќи ја пораката со актуелната состојба во земјата.

„Убеден сум дека солидарноста кон ранливите и соживотот на различните во овие празнични денови, но и во текот на целата година, ќе ни помогне да се обединиме за да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваме на личен и колективен план“, рече Стево Пендаровски, претседател.

Честитки за Курбан Бајрам упатија и Собранието, Владата, лидерите на политичките партии,  градоначалниците и другите верски заедници во земјава./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button