ВЕСТИ
Се укинува карантинот во повеќето градови во Нов Зеланд
Нов Зеланд денеска пријави 20 нови случаи на локално пренесена зараза, а вкупниот број на заразени се зголеми на 821

Карантинот ќе биде укинат во повеќето делови на Нов Зеланд, откако бројот на заразени лица со коронавирусот продолжи да опаѓа, соопшти денеска премиерката Џасинда Ардерн.
Таа рече дека ограничувањата за поголемиот дел од земјата ќе бидат ублажени од среда. Строгите мерки ќе останат во сила во најголемиот град Оукленд.
Нов Зеланд денеска пријави 20 нови случаи на локално пренесена зараза, а вкупниот број на заразени се зголеми на 821.
Строгиот карантин беше воведен во земјата неколку часа откако беше откриен еден случај на 18 август, а сите училишта и компании кои не се неопходни беа затворени.