ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се злоупотребуваат општински пари за партиски цели

Политичките партии ја игнорираат Антикорупциската комисија со тоа што не учествуваа на организираната дебата за интегритетот на партиите на локалните избори. Членовите на Антикорупциската комисија оценуваат дека ваквото однесување на партиите ја покажува несериозноста и игнорантскиот однос на партиите за интегритетот на изборниот процес.

Антикорупционерите сметаат дека партиите продолжуваат да ја злоупотребуваат кампањата за промовирање проекти кои не ги спровеле. Стигнале поплаки за општини кои евентуално ги злоупотребуваат парите на граѓаните за купување гориво за приватни возила за изборната кампања.

Ваквите постапки на политичарите, според претставниците на Антикорупциска, го доведуваат во прашање интегритетот на партиите и политичарите. Поради тоа доаѓа и до намалување на бројот на гласачи во секој изборен циклус, што исто така ја доведува во прашање и легитимноста на изборите. Од невладиниот сектор велат дека корупцијата и понатаму најмногу ги загрижува граѓаните.

Истражувањето на Здружението Театар Боеми покажува и дека 86% од испитаниците изјавиле дека државата не се справува соодветно со корупцијата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button