ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сè уште не е исполнето ветувањето за изградба на преграден ѕид на улицата „Индустриска“ во Тетово

Иако во јануари беше ветено дека многу скоро ќе биде изграден ѕидот за поделба меѓу  патиштата во индустрискиот дел во Тетово каде секоја година има жртви, досега има само изградено само неколку метри темел и ништо повеќе. И додека работите се одложуваат, опасноста за минувачите се повеќе се зголемува.

Жителите се жалат дека се доцни со реализацијата на многу проекти што ги почна општина Тетово.

„Овој ѕид е неопходен. Само ѕидот може да ја запре оваа катастрофа што се случува. Но, властите секогаш почнуваат да работат повеќе отколку што можат, и потоа  не ги завршуваат работите до крај“…

„Се работи за нашите деца, но тие треба да мислат на ова, бидејќи ние сме ги избрале, но се чини дека немаат интерес за луѓето“, реагираат жителите.

Протестниот совет предупредува дека ќе бидат активирани протестите.

„Во последните денови се поставени пречки за брзина. После тоа, очекуваме физичката поделба на патот да започне веднаш, и доколку не започне, ќе продолжиме да протестираме, штитејќи ги интересите на граѓаните и децата кои секој ден минуваат по овој пат за да одат на училиште“, рече Бесијан Лека- протестен совет.

Од општина Тетово одговорија дека во тек е втората фаза од обележувањето на овој патен правец и ветуваат дека по завршувањето на оваа фаза ќе започне работата на физичката поделба на патиштата, која се очекува на крајот на овој месец.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button