ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сè уште нема епилог истрагата за пожарот во фабриката во Тетово

Сè уште нема епилог истрагата за пожарот во фабриката во Тетово

Сè уште нема трага од почетокот на истрагата на обвинителството за пожарот во поранешниот тутунски комбинат во Тетово. العب وربح

Според информации на Алсат од тетовското обвинителство, дадена е само наредба за покренување истрага од експерти на Единицата за истражување на пожари од Скопје, за да се соберат документи од фабриката и снимки од безбедносни камери.

Се проверува и фирмата која ја инсталирала електричната мрежа. موقع البوكر Потоа по завршување на истрагата, тетовското обвинителство ќе одлучи дали има елементи за започнување на истражната постапка и дали причинител на пожарот е краток спој од вода, како што сметаат сопствениците или има елементи за намерно подметнување.

Засега не се ни знае колкава е вкупната штета.

„Имаме многу. Има многу штета, но сè уште не знаеме точно, мора да се направи пресметка“, рече Ертан Мемедалиу, сопственик. العاب للفوز بجوائز حقيقية

„Со денови внатре во фабриката, интензивно се работи на нејзино ставање во функција”, пренесува новинарот на Алсат М, Башким Сулејмани.

Пожарот избувна на 30 мај од засега непознати причини. За да се изгасне, од небо интервенираа и хеликоптерите на Армијата. При гаснењето беа повредени десет пожарникари и едно цивилно лице./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button