ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: „Бугарските барања ќе бидат пречка и за нашите следни Влади“

ВМРО: „Бугарските барања ќе бидат пречка и за нашите следни Влади“

Иако не се знае конкретен датум, Владата очекува во наредните денови во Скопје да пристигне францускиот предлог за деблокирање на интегративните процеси.

Извори од Министерството за надворешни работи кратко за Алсат велат дека во наредната недела францускиот предлог може да стигне на нивна адреса, но без да се прецизира точниот ден, иако надежите за надминување на блокадата може да згаснат на 30 јуни.

Во меѓувреме, опозицијата тврди дека францускиот предлог одобрен од бугарскиот Парламент не е тој што, според нив, го пропагира Владата. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во интервју за Сител изјави дека бугарските барања ќе бидат пречка и за следните влади.

На ваквите обвинувањата на Николовски и неговите тврдења дека Османи повеќе работи за Албанија да добие датум за преговори отколку за С. Македонија, одговори шефот на дипломатијата:

„Обидот да се нападне и да се наруши главниот столб на државата каде се заснова силата на нашите позиции, не само што не е никаква одговорност, туку длабоко во себе содржи патологија која се наоѓа скриена во корените на албанофобијата. Целта е јасна, но се надевам дека овие ставови ги нема и ВМРО-ДПМНЕ. Со фрлање дрва и камења врз Албанците како непријатели на оваа држава, се обидува да се создаде етничка поделба за стратешките прашања“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Инаку, Османи неодамна рече дека две работи во преговарачката рамка ги делат Скопје и Софија од договор, односно протоколот кој се повикува на записниците од спроведувањето на договорот за добрососедство и времето за отворање на Уставот.

Скопје бара отворањето на највисокиот правен акт во државата за во него да се внесат и Бугарите, да се случи по стартот на преговорите./Аlsat.mk

Новинар: Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button