ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сè уште нема слободни термини за пасоши

Граѓаните и натаму се жалат дека нема слободни термини за аплицирање за добивање пасоши. Гласините дека недостасуваат примероци од пасоши и лични карти беа отфрлени од Министерството за внатрешни работи. Од ова министерство велат дека една од причините е зголемувањето на бројот на барања на граѓаните, за продолжување на истечените рокови на документи во пресрет на сезоната на летни одмори.

Од секторот за средување документи во полиција велат дека поради Пандемијата и затворените граници  не закажале навреме и сега системот е преоптоварен. Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе има 5 дена прекин во издавањето документи, поради пуштање во употреба на нов оперативен систем. Од 23-27 јуни граѓаните низ целата земја нема да можат ниту да се поднесуваат ниту да се добиваат лични карти, пасоши и возачки дозволи.

Министерство за внатрешни работи

„Граѓаните кои имаат термин за забрзана постапка во овој период да дојдат уште денес, 22 јуни, да ги земат релевантните документи. Граѓаните кои во текот на 5-дневниот прекин имаат редовен термин за поднесување, може да го сторат истото од 28 јуни до 2 јули. Во меѓувреме, документите што се подготвени, граѓаните треба да дојдат да ги земат утре на 23 јуни “.

Од Министерството за надворешни работи велат дека пратениците го смениле законот за патни исправи, овозможувајќи пасошите кои истекуваат на 31 јули, да важат до 31 декември. Министерот Бујар Османи рече дека граѓаните, без разлика дали се во странство или во земјата со истечен рок, можат слободно да се движат низ другите земји, со кои земјата има дипломатски односи.

 „Ги известивме сите наши дипломатски и конзуларни претставништва, за тие да можат да ги известат другите земји со кои имаме дипломатски односи за оваа промена во законот, така што тие на граничните точки да знаат дека и пасошите со истечен рок важат до 31 декември. Ова првично беше иницирано бидејќи поради пандемијата луѓето не можеле да дојдат да ги обноват своите пасоши.

Од друга страна, според најавите се очекува издавањето документи со новото уставно име да започне во текот на јули. Во меѓувреме, долго време немаше и регистарски таблички за автомобили.Образложението на МВР е дека стагнацијата се должи на промената на операторот за производство. Сега заврши процедурата и има нов оператор кој ќе го снабдува МВР со нови таблици, и граѓаните можат да се упатат во техничките центри и полицијата.

 Adnan Qaili 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button