ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се забележува намалување на дневните случаи со Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека во последните денови има намалување на кривата на нови инфекции, односно 0,9, додавајќи дека тоа се должи на зголемувањето на процентот на вакцинирани граѓани. Тоа ја намалува и смртноста, вели тој, нагласувајќи дека починатите најчесто биле невакцинирани. Меѓутоа, во Гостивар еден од градовите најтешко погодени од четвртиот бран, интересот за вакцинација е многу низок односно само 20%. Исто така, од хоспитализираните, повеќето се невакцинирани.

Околу 1000 пациенти се хоспитализирани во болниците во земјава. Има 200 слободни легла на интерните, а 100 други на хируршките клиники. Според Филипче, веќе постои тренд на намалување на бројот на нови дневни случаи, но додаде дека состојбата во болниците продолжува да се влошува. Најоптоварени се Гостивар, Тетово и делумно Кичево, Охрид и Струга.

Министерството за здравство информираше дека само во саботата и вчера биле дадени 18.292 вакцини. Досега се вакцинирани над 720.000 граѓани, од кои 530.000 со двете дози. Највисок процент на ставени вакцини во последно време има во Тетово.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button