ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се зголемува бројот на деца со деформитети на рбетниот столб

Се зголемува бројот на деца со деформитети на рбетниот столб

Недостатокот на физичка активност, тешките училишни чанти и долгиот престој пред компјутер или телефон се главните причини што секојдневно се зголемува бројот на деца со деформитети на ‘рбетот. Фатон Ганиу, наставник по физичко, додава дека овие деформитети се видливи кај децата уште од првиот момент кога учениците ќе дојдат на часот по физичко.

Advertisements

„Деформитетите на ‘рбетниот столб се погубни за секој ученик и имаат многу груб изглед. Ќе биде многу подобро ако родителите  реагираат на време за да се избегне целосно искривување кога  третманот ќе биде многу потежок. Се гледа во моментот кога ги правиме првите прошетки, на час ги учиме како да одат право, како да ја одржуваат положбата на телото. Во тие моменти ги гледаме деформитетите кои се појавуваат и на рбетниот столб и многу тешко е да им се објасни од каде е тоа за да може да го прифатат“, рече Фатон Ганиу, наставник по физичко.

Ортопедот Милена Богојевска рече дека за надминување на овие проблеми треба сериозно да се сфатат упатствата на училишните лекари за понатамошни ортопедски прегледи.Како што рече, голем дел од деформитетите може да се излечат со континуирани вежби и носење ортопедска опрема.

Богојевска препорачува редовни контроли на децата кај ортопед во неколку фази,- почнувајќи од фаза на бебе, па предучилишна возраст, училишна возраст и пубертетска возраст. Во прилог  се и разни спортски активности и здрава храна./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button